Кои се причините за колективна заштита?
Со цел подобро да се заштитат голем број потрошувачи кои имаат ист или сличен проблем, односно претрпеле материјална штета, на пример, поради: одложување на aвионски лет, недостаток на одреден производ, злоупотреба на личните податоци, договори кои содржат нечесни одред би или нечесни деловни практики и сл., се јавува потребата од воведување на посебна судска постапка за колективна заштита на потрошувачите при настанување на масовни штети.
Зошто ваквата постапка им е потребна на потрошувачите?
Затоа што тие се обесхрабрени да тужат поединечно (особено кога се ра боти за мал износ на отштетно побарување), а трошоците за судската постапка се прилично високи. Но, кога би постоела можност за колективно застапување на интересите на потрошувачите со примена на колективна тужба, во вистинска смисла на зборот, со ниски трошоци за во дење на судската постапка, потрошувачите ќе бидат охрабрени да се приклучат кон оваа тужба и да добијат соодветен надомест за претрпена та штета, со што ќе се оствари една од основните цели на правото, а тоа е правна сигурност.
Кои се придобивките од колективната заштита на правата?
Колективната заштита на правата, пред сè, овозможува колективно обесштетување на си те потрошувачи кои претрпеле некаква штета. исто така, овозможува да се оствари ед на од основните цели на правото, а тоа е правната сигурност која подразбира за ист случај да не се носат различни одлуки и да се обезбеди ефективна заштита на правата. Понатаму, таа овозможува економичност затоа што во една постапка ќе се решат индивидуалните барања на повеќе субјекти, како и зголемена свесност за правата.