Механизам за колективна заштита на потрошувачите во Европската унија и Југоисточна Европа

На 24-ти и 25-ти Јануари 2018 година во хотелот „Мериот“ во Скопје се одржа Регионален состанок “Механизам за колективна заштита на потрошувачите во Европската унија и Југоисточна Европа”. Состанокот беше ко-организиран од ConWeb Network и South East European Law School Network – SEELS и беше поддржан од ГИЗ Отворен регионален фонд за правни реформи во Југоисточна Европа.

Клучните одговорни засегнати страни за колективна заштита на потрошувачите од регионот (ресорните министерства за заштита на потрошувачите, телата за надзор на пазарот, канцелариите на Народниот правобранител, организациите за заштита на потрошувачите), заедно со г-ѓа Аугуста Мациулевичиуте, како претставник на Европската организација за потрошувачи (BEUC) и д-р Данкан Фергриев како претставник од Британскиот институт за компаративно и меѓународно право (BIICL) преку Skype разговараа за клучните наоди и резултати од компаративните истражувања за шест избрани земји-членки на ЕУ и шест земји од Југоисточна Европа.

Врз основа на дискусиите и препораките од средбата, ќе се развие Регионален акционен план за зајакнување на капацитетите на заинтересираните страни за колективна заштита на потрошувачите во Југоисточна Европа. Во текот на 2018-та година, ќе се развијат и донесат три модули за обука во рамките на проектот.

Националните извештаи развиени од страна на регионалните експерти, извештајот за ЕУ МС, развиен од BIICL и компаративниот извештај за Југоисточна Европа, развиен од д-р Вероника Ефремова, ќе биде составен во публикација “Механизми за колективна заштита на потрошувачите во ЕУ и компаративна студија за ЈИЕ” која ќе се издаде во март оваа година.