Што се подразбира под колективна заштита?

Колективната заштита претставува механизам за истовремена заштита на правата на поголем број на потрошувачи од деловни практики кои ги повредуваат нивните права и интереси. Колективната заштита е идеална во ситуации кога поголем број на потрошувачи претрпеле штета од една компанија и наместо секој, инди видуално, по судски пат да бара надомест на штета (која може за него да е минимнална, но добивката на компанијата да е многу голема), со примена на колективната тужба треба да се добие надомест за сите потрошувачи кои претрпеле штета од таа компанија.

Во кои држави постои колективна заштита на правата?

Колективната тужба потекнува од СаД каде што е позната како ,,class-action” и се применува во следните области: заштита на животната средина, потрошувачки права, работнички права, дискриминација по која било основа и сл. Во однос на состојбата во Европската Унија, колективна заштита на правата на потрошувачите постои во 21 од 28-те земји-членки.