Колективна заштита на правата во РМ

Kаква е состојбата со колективната заштита на правата во РМ?

Во македонскиот правен систем многу е ограничена можноста за колективна заштита на правата на потрошувачите. имено, за поведување на судска постапка за колективна заштита постои основа во Законот за заштита на потрошувачите со измените и дополнувањата од 2011 година, но со овој Закон не е целосно уреден начинот на примената на колективната заштита на потрошувачите. Постапката е неприменлива не само од причина што сè уште не се имену вани овластените тела за покренување на постапка за колективна заштита, туку и поради тоа што не постојат процесни правила за нејзино спроведување.

Дополнителен проблем претставува тоа што Законот за парнична постапка не содржи одредби за колективна заштита на правата, туку единствено преку традиционалните процесни институти како што се сопар ничарство, вмешување и спојување на парници заради заеднично расправање, можно е делумно да се заштитат колективните интереси на потрошувачите.

Но, сопарничарството не може и не смее да се поистовети со колективната заштита на правата. Како процесни институти, сопарничарството и вмешувањето би можеле да се искористат во случаите кога постојат масовни штети предизвикани на потрошувачите, иако разликата со колективната заштита е значителна.

Колективната заштита, доколку е добро уредена во правниот систем, овозможува овластените тела (вклучувајќи ги и организациите на потрошувачи) преку кампањи да ги организираат потрошувачите и да ги пот тик нат да учествуваат во постапката за колективна заштита на нивните права. Секако дека претходно е пот ребно да бидат добро правно уредени сите аспекти во однос на постапката за колективна заштита на правата и тоа: организирањето кампањи за зголемување на свесноста за придобивките од колективната заш тита, висината на трошоците, повикувањето на потрошувачите да се приклучат кон тужбата за колектив на заштита, како и предвидувањето на ризикот од губење на спорот.