Каде сè е применлива колективната заштита на правата на потрошувачите?

4Колективнита заштита може особено да биде применлива во случаи кога потрошувачите претрпеле штета која произлегува од:

  • Договори кои содржат нечесни договорни одредби (на пример: ограничување на одговорноста на трговецот во случај на повреда на договорот, скриени камати, неразумен рок во кој потрошувачот треба да го извести трговецот за недостатоците на производот или услугите);
  • Доколку не биле дадени потребните информиции при склучување на договори надвор од деловните простории (ве наградуваат со бесплатен ручек во ресторан, при што додека трае ручекот ви презентираат производи и во таква опуштена атмосфера вие ги купувате без претходно да ве информираат колкава е вкупната цена на производот, рокот во кој цената треба да биде исплатена (времето за кое можете да се откажете од договорот а согласно нашиот закон изнесува 14 дена), договорни казни во случај на неисполнување на договорот и сл.);
  • Изоставување на информирање на потрошувачот за неговото право на повлекување од договорите на далечина и договорите склучени надвор од деловните простории, што е многу битна информација; l Злоупотреба на лични податоци;
  • Злоупотреба на монополска или доминантна позиција на пазарот од страна на деловниот субјект, утврдена од Комисијата за заштита на конкуренцијата, особено кога е утврдена и со правосилна судска одлука; l Јавни услуги (кога поради неиспорачување на услугата или неквалитетно испорачување им е причи нета материјална штета, или кога неосновано е наплатен поголем износ од потрошениот и сл.).

Примери од европската практика за колективна заштита на правата

  1. Неодамнешниот случај во Словенија се однесува на соработката на чешки и словенечки компании на кои не им било дозволено да даваат кредити, бидејќи тие не биле регистрирани според словенечкиот закон. Словенечкото здружение на потрошувачи ЗПС успеа да добие судски пресуди со кои договорите за кредити кои биле склучени со овие компании се прогласени за ништовни. Меѓутоа, тие сега се борат заедно со ин дивидуалните потрошувачи да добијат компензација преку одделни побарувања, покривајќи штети од 1.000 до 2.500 евра по случај.
  2. Првостепениот суд во Мадрид, Шпанија, наредил германска фармацевтска компанија да им плати отштета на децата родени со попреченост како последица на тоа што нивните мајки го користеле ле кот талидомид за време на бременоста, пред неколку децении. Колективната тужба е поднесена од шпанската асоцијација на жртви на талидомид (Asociación de víctimas de la talidomida en España), која претставува 200 наводни жртви. Судот ѝ наредил на германската фармацевтска компанија во шпанија да плати 20.000 евра за секој процентен поен на инвалидитет на жртвите, признаен од шпанското Минис тер ство за здравство.
  3. Во Шведска, по претходно поднесена колективна тужба против снабдувачот со електрична енергија, на потрошувачите им бил досуден надомест поради прекинот во снабдувањето со електрична енергија, при што првостепената пресуда била потврдена од апелациониот суд, но и ревизијата против оваа првостепена пресуда била одбиена од Врховниот суд.
  4. Во Австрија, 684 потрошувачи поднеле тужба против една банка поради нечесните одредби во договорот за кредит во однос на висината на каматите, при што на секој поединечно му бил исплатен износ од 1730 евра. тужениот, односно банката, ги искористила сите правни средства и тоа жалба и ревизија против првостепената пресуда, меѓутоа, првостепената пресуда била потврдена и од повисоките судови.