Унапредување на заштитата на потрошувачите во Македонија

Како да се унапреди заштитата на потрошувачите во нашата држава? Што е неопходно да се преземе?

  • измени во Законот за заштита на потрошувачите при што јасно ќе се одреди дека Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) е овластено тело со што ѝ се дава активен легитимитет за започнување на постапка за колективна заштита на потрошувачите.
  • Потребно е во ЗЗП да се предвидат соодветни финансиски средства за да може и фактички да се водат постапки за колективна заштита на правата на потрошувачите од овластените тела, вклучително за ОПМ.
  • именување на овластените тела со одлука на Владата (надлежните инспекторати и агенции во зависност од областа во која вршат инспекциски надзор, вклучително и ОПМ), кои ќе бидат надлежни за покренување на постапка за колективна заштита на правата.
  • измена на Законот за парнична постапка со воведување на колективната тужба, но и да се намалат трошоците и судските такси за водење на постапки за колективна заштита на правата на потрошувачите.
  • Воведување на обврска на Комисијата за заштита на конкуренцијата за информирање на овластените тела за потребата од покренување на постапка за колективна заштита при индиции дека станува збор за масовна повреда на правата на потрошувачите.
  • Организирање на кампањи за зголемување на свеста на потрошувачите за значењето на колективната заштита на правата на потрошувачите, дека на лесен, брз и едноставен начин ќе можат да ги остварат своите права.
  • Неопходни се средби со сите заинтересирани страни со цел прецизно и детално да се уреди колективната заштита во РМ. Но, неопходни се и тренинзи и обуки заради разбирање на суштината на институтот колективна заштита. Најпосле, потребна е и континуирана поддршка од државата како и од меѓународната заедница.